адресата rapmkd.tk од сега ќе води кон домејнот rapmkd.blog.com.mk.
поздрав се читаме таму ;)
Tака е, Едо не доаѓа во Македонија, како што тоа го најавивме и ние и другите медиуми. Оние што требаа да го донесат (Табиет продукција) сега ќе го носат Марчело во Хард рок. Значи, музика ќе има и натаму во овој град... ама не е тоа поентата. Би сакал да го расветлиме случајот со Едо, пошто е разочарувачки описен за македонските состојби. Се работи за една збирштина од суети, локални кавги и непотребни компликации кои на крајот доведоа до ваков наслов на оваа вест. Ќе ви ја реконструирам меил преписката меѓу дечките од Табиет и мене, Табиет и Едо, тука е и Логин.... хронолошки, од почеток, па сами ќе оцените зошто Едо решил да не доаѓа овде, се надевам, само засега. Одиме.------------------------------
уствари, дополнително стигна и оваа симпатична "хитна" наредба:
Светски познатиот и ултрапопуларен рапер - "50 cent", на 6-ти декември потврди голем концерт во "Белградската дворана". "50 cent" ќе биде првиот кој ќе настапи во потполно реновираната Белградска сала за концерти. Гласноговорниците за јавноста потврдија дека "50 cent" ќе дојде, а до крајот на годината се очекуваат бендови од класата на "Kool and the gang", "Alphavill", "Vaja con dios" и многу други познати фаци, извести Press. 


