Wednesday, October 18, 2006

Клан исток со нов спот


Деновиве во Софија почна снимањето на новиот видеоклип на македонската хипхоп група Клан исток за песната О-нее, која ќе се најде на нивниот втор албум насловен Вториот удар, на кој учество ќе земат видни музички ѕвезди од Македонија, Бугарија, Германија, Вашингтон и од Њујорк. Зад реализацијата на проектот застана видеопродуцентската куќа од Зевс од Бугарија во соработката со скопската Арена рекордс.
Во спотот насловен како О-нее учество земаа видни софиски актери и пантомимичари, а се снима на 35 милиметарска филмска лента. Ова е вториот видеоклип на Клан исток кој е снимен на ваква лента. Првиот, групата го сними во 2004 година за песната Од Скопје до Софија, од првиот албум насловен Првиот удар – пренесува Шпиц.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home