Промоција на “Биомеханика“ на Да Џака Накот на 2ри Декемри
И еве конечно, долгоочекуваната и долгонајавуваната промоција на третиот албум на Да Џака Накот ќе се случува на 2 Декември (сабота) во клубот "Лудница" кој се наоѓа карши фонтаната во градски парк. Албумот "Биомеханика" конечно ке излезе во продажба, а уште поинтересно е тоа што албумот е двојно CD кое се на се ќе содржи 30 песни. Албумот ќе можете да го купите на местото на промоцијата по цена од 300 денари, а во продавниците треба да биде пуштен во продажба на 4ти (понеделник). Во кој се продавници ке се продава ке бидете известени накнадно. Тоа е тоа спремете се за одличен албум (ако не и најдобар) на Да Џака Накот!
Ронин
Ронин




0 Comments:
Post a Comment
<< Home