адресата rapmkd.tk од сега ќе води кон домејнот rapmkd.blog.com.mk.
поздрав се читаме таму ;)
Tака е, Едо не доаѓа во Македонија, како што тоа го најавивме и ние и другите медиуми. Оние што требаа да го донесат (Табиет продукција) сега ќе го носат Марчело во Хард рок. Значи, музика ќе има и натаму во овој град... ама не е тоа поентата. Би сакал да го расветлиме случајот со Едо, пошто е разочарувачки описен за македонските состојби. Се работи за една збирштина од суети, локални кавги и непотребни компликации кои на крајот доведоа до ваков наслов на оваа вест. Ќе ви ја реконструирам меил преписката меѓу дечките од Табиет и мене, Табиет и Едо, тука е и Логин.... хронолошки, од почеток, па сами ќе оцените зошто Едо решил да не доаѓа овде, се надевам, само засега. Одиме.------------------------------
уствари, дополнително стигна и оваа симпатична "хитна" наредба: